Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мурињо жали за две работи во својата тренерска кариера

1 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: ФЦ Фенербахче/Твитер

Жозе Мурињо издови две одлуки како грешки во неговата тренерска кариера. Тоа се неговите престои во Реал Мадрид и во Рома. Според него, тој заминал прерано од шпанската престолнина, а предоцна од италијанската.

“Има многу, ако зборуваме за натпревари. Во однос на мојата кариера – кога му реков не на Флорентино Перез. Тој ми рече: “Не оди сега. Напорната работа е завршена, сега започнува најдобриот дел. Знаев дека е во право, но сакав да се вратам во Челзи по три години и многуте предизвици во Шпанија. Потоа Будимпешта и хаосот на Ентони Тејлор (судијата во финалето на Лига Европа). Требаше тогаш да ја напуштам Рома. Не го направив и тоа беше грешка“.

Рома играше во две последователни финалиња во Европа. Прво ја освои Конференциската лига, а потоа загуби од Севиља на пенали во Лига Европа. Мурињо доби отказ шест месеци подоцна. Португалецот откри дека по отказот купил билети за натпревар на Рома, но не отишол на стадион.

„Купив не еден туку четвори. Бев во хотелот со моите асистенти и тие ми рекоа: „Господине, заслужувате да се збогувате со фановите“. Размислував за тоа некое време, но бев загрижен дека ме обвинуваат дека предизвикувам проблеми“. 

Мурињо, исто така, вели дека сигурно би се вратил во Серија А и останува заинтересиран да работи за националниот тим.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ