Невиден, мега – скандал по мечот од Суперлигата во Србија меѓу Војводина и Раднички Крагуевац, кој заврши со победа на домашните од 3:2, а за гостите играше и нашиот Лука Станковски.
Имено откако заврши мечот во прес – центарот на клубот од Нови Сад сите беа во очекување на пресот на двајцата тренери. Тренерот на гостите Феѓа Дудиќ беше на своето место, а во тие моменти дојде домашниот стратег Ненад Лалатовиќ кој тргна да се тепа со својот колега. Настана хаос, и двајцата имаше што да си кажат, и двајцата објаснуваа кој што рекол, кој прв почнал, кој упатувал пцовки, кој ги мразел Србите и така…
Ништо ново кога се однесува до ексцентричниот Лалатовиќ.
Pristojnost je odavno napustila severnu Srbiju.
Lalatović napao Feđu Dudića na konferenciji.
Isti Lalatović kome su Đavoli aplaudirali bez obzira dal je vodio ekipu koja pobeđuje Radnički. pic.twitter.com/D3O9Z4v8Cm— Boris Herman (@hermankg) December 21, 2024