Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мбапе предизвика “земјотрес“: Ако сака Дешамп нека ви каже, мене ми е забрането!

8 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Познато е дека во последните месеци и тоа како селекторот на Франција, Дидие Депшамп си има проблем. Во октомври не го повика Килијан Мбапе, наводно на мега – звездата на Реал му бил потребен одмор. А потоа се случи оној скандал со наводното силување.

Кога се чинеше дека се е во ред, Дешапм ја шокира јавноста и не го повика и во ноември за ЛН својот најдобар фудбалер.

Тогаш страстите зовреа, наводно Мбапе кажал дека се додека Дешамп е селектор тој нема да игра за Франција, а Дешамп врати со наводна изјава дека ќе му ја земе капитенската лента.

Најновата изјава на Мбапе деновиве просто предизвика “земјотрес“:

Сакав да играм за Франција во ноември, но селекторот не ме повика. Не можам да ви кажам зошто, жалам. Тој може да ви каже ако сака, мене ми е забрането“ посочи Мбапе.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ