Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ Полувреме: Нерешено во Барселона, Борусија ги казни промашувањата на Мората (ВИДЕО)

16 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Жестоката битка на „Монжуик“ донесе два гола и еден црвен картон во првите 45 минути од реванш пресметката меѓу Барселона и ПСЖ во четврфиналето од Лигата на шампионите. Барселона поведе со голот на Рафиња, малку среќно, во 12. минута, по што следуваше еден старт од зад грб на Араухо и директен црвен картон за фудбалерот на Барселона во 29. минута. 10 минути подоцна Усман Дембеле носи радост за ПСЖ и израмнување на 1:1.

Во Дортмунд, Борусија потсети на најдобрите денови оваа сезона и со 2:0 замина на одмор. Бранд и Матсен беа стрелци на головите за „милионерите“, откако на самиот почеток на мечот Алваро Мората промаши зицер кој едноставно не се промашуваше. Германците сега влегуваат во вториот дел со предност која може да ги однесе во полуфинале.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ