Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ: Огнено деби на Миовски и Џирона – против ПСЖ на „Паркот на принцовите“

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вечерва се играат шест натпревари од 1 коло во Лигата на шампионите. Дербито е на „Етихад“ каде што Манчестер Сити ќе го пречека Интер во реприза од финалето во 2023 година во Истанбул во кое победија „граѓаните“ со голот на Родри (1:0).
Ова воедно ќе биде втор меч меѓу овие два ривали.
Кај Сити ќе го нема Натан Аке поради повреда. Кај Интер недостасува Таџон Бучанан, а неизвесен е Федерико Димарко. Тренерот Симоне Инзаги ги одмораше Барела, Бастони, Павар и Чалханоглу изминатиот викенд, па се очекува четворицата да бидат во првиот тим.

За нас е интересен мечот на „Паркот на принцовите“ помеѓу ПСЖ и Џирона. Причината е настапот на Бојан Миовски за шпанската екипа. И Миовски и Џирона дебитираат во Лигата на шампионите, а влегуваат како аутсајдери против францускиот првак.
За ПСЖ нема да играат Лукас Хернандез, Кимпембе и Гонкало Рамос поради повреди. Голманот Домарума е неизвесен поради ситна повреда на ногата.
Кај Џирона ќе ги нема Рикард Артеро и Џастин. Ориол Ромеу и Бојан Миовски кој го пропуштија мечот со Барселона викендов ќе бидат во составот.

НАТПРЕВАРИ (СРЕДА, 18.09.2024)

БОЛОЊА – ШАХТЈОР 18:45 ч.
СПАРТА ПРАГА – САЛЦБУРГ 18:45 ч.
СЕЛТИК – СЛОВАН БРАТИСЛАВА 21:00 ч.
КЛУБ БРИЖ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 21:00 ч.
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ИНТЕР 21:00 ч.
ПСЖ – ЏИРОНА 21:00 ч.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ