Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ: Миовски и Џирона потопени во Ајндховен, Ристовски и Адеми славеа во Братислава (ВИДЕО)

5 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Динамо Загреб ја остварија и втората победа во Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето во Братислава со убедлви 1:4 го победија домашниот Слован. Хрватскиот шампион потврди дека во моментов е за класа подобар од словачкиот претставник и иако домашните многу бргу поведоа со голот на Стрелец во 5. минута (1:0), гостите се вратија со пресврт до полувремето.

Шпикиќ израмни со голот во 10. минута на 1:1, додека Сучиќ во 30. минута ги доведе гостите до водство и од 1:2. Во вториот дел продолжи серијата на „модрите“. Двата гола за Динамо во вториот дел беа дело на Сандро Куленовиќ во 54′ и 72′.

Стефан Ристовски беше стартер за Динамо, додека Адеми влезе од клупата во 64. минута.

Бојан Миовски беше стартер и одигра 67. минути во поразот на шпанска Џирона на гостувањтео кај ПСВ во Ајндховен со 4:0. Токму миовски ја имаше првата 100% шанса на мечот кога во воведните десетина минути не успеа да погоди за водство на Шпанците.

Потоа следуваше налет на ПСВ и два гола во првиот дел. Фламенго отвори за 1:0 во 16. минута, додека Тилман во 33. минута зголеми на 2:0. Во вториот дел Џирона остана со играч помалку, што само им ја олесни работата на домашните, кои со голот на Бакајоко во 83. минута го запечатија триумфот. Во самиот финиш Крејчи постигна автогол за конечни 4:0.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ