Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛШ: Барса го победи летаргичниот ПСЖ, Атлетико (М) извлече победа над Борусија (Д)

10 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Барселона со голема победа од 2:3 во Париз заминува дома пред реванш пресметката од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Момците на Чави одиграа одличен меч и успеаја да ја искористат необјаснивата летаргија во составот на Луис Енрике и да дојдат до победа на „Паркот на принцовите“.

Каталонците беа подобри во првото полувреме и сосема заслужено има апредност од 0:1. ПСЖ иако почна офанзивно, не успеа да создаде ниту една сериозна шанса за гол. Наспроти тоа, Барселона имаше најмалку 4 одлични шанси за гол, од кои само онаа на Рафиња во 37. минута за врши зад грбот на Донарума.

ПСЖ тргна моќно уште од првата минута на второто полувреме и за само две минути со головите на Дембеле и Витиња успеа да направи целосен пресврт за водство од 2:1. Барселона успеа да ја стабилизира играта и по влегувањето на Педри во 62. минута, младиот креативец со одлича асистенција го послужи Рафиња кој со вториот гол вечерва успеа да израмни на 2:2. Каталонците искористија уште една шанса во 77. минута, кога по одлично изведен корнер, Кристенсен погоди за нов пресврт и водство на Каталонците од 2:3.

Атлетико (М) беше подобар тим од Борусија (Д) и дојде до победа од 2:1 на првата средба, но гледајќи го она што се случуваше во финишот и притисокот кој го направија гостите немаше да биде незаслужено Борусија да извадеше реми.

„Јорганциите“ имаа одличен почеток и искористија една неверојатна грешка на голманот на гостите Кобел во 5. минута. Родриго де Пол погоди за водство, кое во 32. минута Самуел Лино го зголеми и на 2:0.

Во вториот дел токму Лино пропушти голема шанса да погоди и за 3:0, па казната стигна во 81. минута кога резервистот Алер успеа да го матира Облак и да намали на 2:1. Во последната секунда од мечот, Јулијан Бранд ја погоди пречката од голот на Атлетико (М) и не успеа да донесе израмнување.

Со овој резултат Германците остануваат во трка за полуфиналето и ќе бараат победа на реваншот на свој терен.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ