Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Леверкузен со порака до Вирц: Можеш да одиш било каде, само не во тој клуб!

17 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иако има само 21 година, Флоријан Вирц, напаѓачот на Баер Леверкузен и репрезентацијата на Германија уште сега важи за еден од најдобрите фудбалери во светот. Се очекува следното лето да биде главна ѕвезда во летниот преоден рок.

Со оглед на тоа дека има важечки договор со “фармацевтите“ до јуни 2027 година, јасно е дека за него Леверкузен ќе бара најмалку 100 милиони евра отштета, а се шпекулира и со сума од 150 милиони.

За него силно се заинтересирани Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен.

Неофицијално Вирц има желба да игра заедно со Џамал Мусиала, негов добар пријател, што значи сака во Баерн Минхен.

Сепак плановите може да ги расипе сегашниот негов клуб Баер Леверкузен кој веќе му испратил порака деновиве, а таа гласи:

Може да одиш во било каде, само не во тој клуб!“.

Секако дека се мисли на Баербн Минхен.

Се разбира дека немаме намера да ги засилуваме своите конкуренти. Тоа му е кажано и на Џонатан Та. И тој може да оди било каде, но не и во тој клуб“ истакна Фернандо Каро, директорот на Леверкузен.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ