Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Лацио се врати на победничките патеки

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Лацио/Твитер

Во последниот натпревар од четвртото коло на италијанската Серија А, Лацио на свој терен во Рим го совлада тимот на Верона со 2:1, што е нивна втора победа од почетокот на сезоната.

Сето најважно вечерва се случи во првите 20 минути, кога беа постигнати сите три гола.

Римјаните поведоа веќе во петтата минута, со голот на Диа. Прославата на домашните навивачи се уште не беше завршена, а Верона израмни со голот на Тенгстет и најави многу интересна борба.

Но, Лацио не чекаше долго. Се играше 20. минута кога Кастеланос погоди за конечни 2:1.

Лацио ја задржа минималната предност до крајот на натпреварот и со тоа го престигна вечерашниот ривал во поредокот. Римјаните сега се шести со седум бодови, а Верона е седма со бод помалку.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ