Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Лапорта: Барса загуби бодови кои што требаше да ги освои, првенството како сега да почнува!

18 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ако во септември и октомври Барселона блескаше во Ла Лига, секако и во ЛШ, се памети онаа победа над Баерн Минхен, сега веќе не е така. Сега за четата на стратегот Ханси Флик дури и Легањес е проблем, па не може да се победи.

Барса пред неколку кола имаше комотна бодовна предност пред Реал Мадрид, за Атлетико Мадрид и да не говориме.

Но сега работите стојат поинаку. Сега Барселона има 38 бодови од 18 меча и сеуште е прва, но Атлетико Мадрид има исто 38 бодови но од 17 меча. Реал Мадрид е трет со 37 бода од 17 меча.

По се ова свој коментар има Хоан Лапорта, првиот човек на каталонската гордост:

Не сакам да гледам наназад. Се чини првенството како сега да почнува. Се разбира дека би сакале да имаме 7-8 бодови предност, но немаме. Сметам дека загубивме бодови кои требаше да ги освоиме, но реков дека за мене тоа е минато. Сега за нас секој меч е како финале.Така ќе му пристапиме на дербито против Атлетико Мадрид претстојниот викенд“ истакна Лапорта.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ