Некогашната ѕвезда на лондонски Челзи, Френк Лампард би можел да седне на клупата на еден од клубовите во англиската второлигашка конкуренција. Сопственикот на Ковентри, Даг Кинг изјави дека 46-годишниот стратег е во фаза на преговори со управата на клубот за позицијата главен тренер.
Кинг истакна дека Френк Лампард, кој откако го напушти Челзи во 2023 година е без работа, е еден од преферираните кандидати за оваа работа.
Ковентри претходно го отпушти Марк Робинс, кој беше на чело повеќе од седум години.