Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Анчелоти стравува од Ливерпул – го менува планот!

13 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Реал Мадрид не блескаат од почетокот на оваа сезона, па Карло Анчелоти реши да сврти нов лист. Како што откриваат мадридските медиуми, Анчелоти побарал нов план од кондиционите тренери, за да ја подигне физичката кондиција на играчите на повисоко ниво.

Анчелоти во моментов нема многу првотимци на тренинзи или поради бројни повреди или поради обврски кон репрезентациите, но по враќањето ги очекува многу посилен ритам и поинтензивни тренинзи.

Наводно, се стравува од пораз од Ливерпул доколку нешто не се промени.

„Или ќе го подигнеме нивото и физичката подготвеност, или Ливерпул ќе не надигрува“, изјави Анчелоти.

Да потсетиме, Италијанецот сигурно нема да може да смета на неколку првотимци на „Енфилд“.

Сезоната ја завршија Едер Милитао и Дани Карвахал, повредени се и Родриго, Лукас Васкез и Чуамени кои нема да играат против Ливерпул.

Натпреварот на „Енфилд“ е закажан за 27 ноември.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ