Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Кукуреља за играта со рака: Ги разбирам сите сомнежи! И ние можевме да се жалиме за Крос!

7 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Шпанскиот интернационалец Марк Кукуреља зборуваше на прес-конференција пред полуфиналниот дуел со Франција на ЕП 2024. Логично, дефанзивецот повторно беше прашан за спорната ситуација од натпреварот со Германија, на кој играше со рака во својот шеснаесетник, но не беше досуден пенал.

„Топката ме удри во раката, но судијата веднаш рече „не, не, не“ и тоа ме натера да се чувствувам подобро. Ако судиите велат дека немало игра со рака, значи немало.

Јас не се мешам, го почитувам тоа што го кажуваат судиите. Ги разбирам сомнежите затоа што гледаме дека некои од нив прават, а некои не. Можеме да се жалиме дека Крос можеше да биде исклучен“.

За полуфиналето со Франција, Кукуреља рече:

„Ако ја имаме топката, одлично ќе им се спротивставиме. Тоа веќе се случи со Германија. За да го запреме Мбапе, ќе треба да вложиме колективни напори. Мораме да им се спротивставиме на нивните контранапади. 

Создадовме многу добар тим, мешавина на младост и искуството. Нашата врска е многу посебна. Шпанија е почитувана долго време. Тоа што бевме аутсајдери пред првенството ни помогна. Знаев дека имаме одличен тим“, заклучи тој.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ