Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Клубовите се договориле, а играчот избегал од сред лекарски прегледи затоа што не сакал трансфер

4 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во последните моменти од преодниот рок англискиот премиерлигаш Фулам требало да потпише со договореното засилување Ернест Нуамах. Тој од минатото лето игра за Лион, а сега требало да направи трансфер во Фулам вреден 19 милиони евра кој не се случил.
„Л’Екип“ објаснува што се случило. Нуамах дошол во Фулам, минал еден дел од лекарските прегледи но потоа се расплакал затоа што не сакал трансфер. Потоа побегнал, а неговиот агент не можел да го најде.
Сопственикот на Лион, Џон Текстот му се извини на фудбалерот бидејќи без негова желба сакал да го продаде во Англија.
Ганецот дојде во Лион минатото лето од РВДМ од Белгија, а играл уште за Нордсјеланд од Данска како и за Рајт то Дрим од Гана. За Гана има 12 настапи и три гола.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ