Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Клоп се врати во Борусија Дортумунд

7 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Борусија Дортмунд/Твитер

Германскиот тренер Јирген Клоп ќе се врати на клупата на Борусија Дортмунд. Но, само на прошталниот тренинг на Лукас Пишчек и Јакуб Блашчиковски, чиј тим ќе го предводи на својот проштален меч во градот кој со милост го памети и каде забележа одлични резултати.

Клоп ја прифати поканата на Јакуб Блашчиковски и е многу среќен што ќе учествува на овој настан.

Покрај Клоп на овој натпревар ќе настапи и некои други поранешни играчи на Дортмунд како Нури Сахин, Себастијан Кел, Деде, Антонио Да Силва и Мохамед Зидан.

Германскиот стручњак по заминувањето од тренерската клупа на Ливерпул е на одмор од работа, а се уште не е познато кога ќе се врати на тренерската работа.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ