Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Јовиќ го напушта Милан? Ја доби „деветката“, а потоа го „избришаа“ од тимот

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ дефинитивно во јануари ќе го менува клубот. Го напушта Милан и се сели во друга средина во потрага по поголема минутажа. Јовиќ уште летоска сакаше да си оди, но од Милан го убедиле да остане па дури му ја дале „деветката“ и да го замени Оливие Жиру во стартните 11. Сепак, на крајот на преодниот рок во тимот дојдоа Тами Абрахам, а пред тоа и Алваро Мората и тие играат повеќе.
Сезонава Јовиќ се појави на два натпревари односно одигра вкупно 64 минути, не е регистриран за Лигата на шампионите, а тоа посебно го погодило и решил да си оди.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ