Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Израел се сели во Јужна Америка, планира да игра на Копа Америка

12 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалскиот сојуз на Израел потпиша договор за соработка со Фудбалската конфедерација на Јужна Америка што би можело да значи преселба на Израелците во нова зона. Во Асунсион првиот човек на ФС на Израел, Моше Зуарез по потписот на договорот со претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез во кратка изјава за „The Athletic“ порача дека се работи за историски момент.
Се работи за соработка за унапредување на судењето, женскиот и младинскиот фудбал, тренерски курсеви, развој на технологија, медицина, маркетинг и комуникации и пријателски натпревари на клупско ниво и репрезентација. А Зуарез сака ова да прерасне во нешто повеќе, клубови да учествуваат во Копа Либертадорес или Копа Судамерикана или Израел да заигра на Копа Америка во друштво на Бразил, Аргентина, Уругвај…
Се надевам дека израелскиот национален фудбалски тим ќе биде дел од големо натпреварување организирано од КОНМЕБОЛ, како на пример Копа Америка“, порача Зуарез.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ