Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Интер во „војна“ со Милан: Нека видат кој има две ѕвезди на грбот!

25 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота вели дека е разочаран од изјавите на сопственикот на Милан, Џери Кардинале, кој зборувајќи за клупската стратегија, истакна дека Интер не знае да работи, бидејќи минатата година го освоија Скудетото, а потоа банкротираа.

„Не сакав да зборувам за ова, но сега мислам дека треба да одговорам. Неговите коментари ги преминаа сите граници. Тој не го почитува престижот и имиџот на клубот. Мислам дека Кардинале малку се збуни со неговите зборови. Вистина е дека нашите мнозински акционери имаа финансиски потешкотии во последните години, но пред неколку години ја обезбедија поддршката од Oaktree, а оваа компанија сега е сопственик на клубот. Сепак, управувањето со Интер е посебна тема. Ние ги почитуваме правилата за финансиски фер-плеј и многу строгите барања за добивање национална лиценца. Ги намаливме нашите загуби од 246 милиони евра на 46 милиони минатата сезона. А бидејќи е Божиќ, ќе си дозволам малку иронија. Ние, исто така, освоивме втора ѕвезда и сме единствениот тим во Милано кој ја има на својот грб“, рече Марота.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ