Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Интер ја демолираше Аталанта

30 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Интер со леснотија ја совладаа екипата на Аталанта со резултат 4:0 и така го превзедоа првото место на табелата во италијанската Серија А.

Момците на Филипо Инзаги не се намачија да го совладаат тимот од Бергамо, иако се очекуваше овој натпревар да биде дерби на колото. Резултатот го отвори Џимшити со автогол во 3-тата минута, а 7 минути подоцна Барела со еврогол го зголеми водството на домаќините. Во вториот дел Интер продолжи со одличната игра и со уште два гола постигнати од Турам во 47-та и 58-та минута ја запечатија судбината на Аталанта.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ