Кризата во Манчестер Сити се продлабочи во Торино каде освојувачот на Лигата на шампионите од пред две години беше поразен по седми пат во последните 10 натпревари. Јувентус победи со 2:0, и по овој меч избраниците на Пеп Гвардиола имаат само осум бода по шестиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.
Актуелниот првак во Премиер-лигата е на 22. место во рангирањето на клубовите во борбата за минување на групата во Лигата на шампионите. Имаат уште два натпревари во групната фаза, на гости кај ПСЖ и домашен меч против Клуб Бриж.
„Игравме многу, многу добро. Горд сум на моите играчи. Тие го дадоа својот максимум и се обидоа. Тешко е во Европа. Игравме навистина добро. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме убедат напротив.
Целта е да напредуваме. Ни треба бод, три бода. Имаме два натпревари пред нас. Нема да го заборавиме овој период откако ќе го оставиме зад нас“, изјави Гвардиола.