Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Фудбалерите сакаат Ван Нистелрој да остане помошник на Аморим, Португалецот молчи

5 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Британски „Скај Спортс“ објави дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Руд ван Нистелрој да остане во клубот по доаѓањето на Рубен Аморим. Холанѓанецот се врати на „Олд Трафорд“ како асистент на Ерик тен Хаг и привремено го презеде раководството на тимот по отказот на неговиот сонародник.

Според британскиот телевизиски канал, играчите сакаат Ван Нистелрој да биде врската со новиот тренер, бидејќи го ценат начинот на кој поранешниот фудбалер комуницира со екипата. Аморим се уште не се изјаснил за ова прашање, но познато е дека со себе планира да поведе некои од соработниците на кои им верува и со кои работеше во последните години во Спортинг.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ