Левиот бек на Јувентус, Хуан Кабал поради потешка повреда непланирано се враќа во базата на својот клуб од колумбиската репрезентација. 23-годишниот Колумбиец се повредил на еден тренинг во кампот на националниот тим, а како што покажале лекарските преглед, младиот фудбалер има оштетување на вкрстените лигаменти на левото колено.
По враќањето воТорино тој ќе биде подложен на дополнителни прегледи за да се утврди точниот степен на повредата, но сепак, како што пишуваат новинарите, сезоната за колумбискиот бек со голема веројатност може да се смета за завршена.