Утре во рамките од новото Примера коло со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби помеѓу екипите на Атлетико Мадрид и Барселона. Двете првопласирани екипи во Примера, со ист број на бодови 38. но „Јорганџиите“ имаат меч помалку.
Тренерот на Барса, Ханси Флик, на официјалната прес конференција пред дуелот имаше само пофални зборови за противникот и вети екстра фудбалска претстава.
„Ќе биде многу тежок натпревар за нас. Тие се најдобриот тим досега. Ќе биде одличен натпревар. Мора да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута. Атлетико постигнува многу голови на крајот од мечевите“, изјави Флик па додаде на темата Чоло Симеоне.
„ Да се има повеќе од 700 натпревари со Атлетико на контото е неверојатно. Тој прави фантастична работа. Толку многу го почитувам. Ми се допаѓа како живее. Неговиот тим го одразува тоа. Ја почитувам неговата работа, но ние сакаме да победиме“ – додаде Флик.