Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ФА побара доживотна суспензија за Лукас Пакета!

9 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалската асоцијација на Англија покрена нови обвиненија против играчот за врска на Вест Хем, Лукас Пакета и тоа поради кршење на правилата за обложување. Ова денеска го пренесуваат медиумите во Англија.

Бразилецот е обвинет дека намерно заработил четири жолти картони во периодот од ноември 2022 до август 2023 година, при што дури 60 лива од Бразил се обложиле на тоа и заработиле 100.000 фунти.

ФА започна истрага, му беше запленет и неговиот мобилен телефон. Сепак не се пронашло ништо во повиците и пораките на мобилниот, но веднаш станало јасно дека тој наводно од друг паметен телефон и под друго име наводно ја вршел оваа “операција“ со обложувањето. Сега тој е обвинет и за попречување на истрагата.

Интересно, ова лето Бразилецот беше пред потпис со Манчестер Сити, сепак до трансфер не дојде поради тоа што “граѓаните“ се откажаа од него во последен момент откако дознале дека Пакета е под истрага за противзаконско обложување и за кршење на правилата.

По се ова ФА побара доживотна суспензија на Бразилецот кој ќе биде сослушан во март следната година.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ