Тимот на Манчестер Сити е во криза. И тоа сериозна. Само така може да се окарактеризираат четирите порази по ред на тимот за кој се сметаше досега дека е реткост воопшто и да загуби, а не тоа да го направи четири пати по ред.
Предмалку Сити и неговиот „совршен“ немаџер Пеп Гвардиола, загубија кај Брајтон со 2:1. Домаќинот направи комплетен пресврт во вториот дел откако Халанд во 23. минута донесе водство за Сити.
Во вториот дел домаќинот заигра, а имаше „блиц крик“ од пет минути од 78.минута до 83. Тогаш најпрво погоди Жоао Педро, а потоа и ОРајли за 2:1 и екстаза на домашните трибини.
До крајот домаќинот успеа да се одбрани од нападите на Сити, ги издржа и десетината минути продолжение и засужено се радуваше на екстра освоените бодови.
Сити по поразите од Спортинг во ЛШ, Борнмут во Премиер лигата и Тотенхем во купот сега загуби и бодови кај Брајнтон што значи дека е во сериозен проблем.
Сега е застанат на 23. освоени бода од 11 мечеви со втора позиција, а Ливерпул има меч помалку и два бода повеќе на лидерската позиција.
Брајтон фантастичен сезонава со 19.освоени бодови и четврта позиција.