Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Џирона со Миовски како стартер ќе го напаѓа Феенорд!

2 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вечерва од 18:45 часот на свој терен, Џирона во рамките на 2.коло во Лигата на Шампионите го дочекува Феенорд. Како што велат нашите информации од Шпанија, Бојан Миовски ќе биде стартер и ќе го предводи нападот на Џирона на овој значаен меч за шпанскиот тим.

Секако дека ова е добра вест за Македонецот, ако се знае дека на последните неколку средби не добиваше голема минутажа, а на некои пак не ни влезе во игра.

Ова значи дека Бојан Миовски вечерва во дресот на Џирона не само што ќе биде стартер туку ќе го има и своето деби во Лигата на Шампионите ако се знае дека на мечот во Париз на гостувањето кај ПСЖ, во рамките на 1.коло во ЛШ, тој беше на клупата и не доби шанса да заигра на “Паркот на Принцовите“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ