Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Денеска на ЕУРО: Ќе заигра ли Англија како што треба? Моќната “фурија“ против Квича и компанија! (ФОТО)

30 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Швајцарија и Германија се веќе во четвртфиналето, а кои селекции ќе им бодат ривали ќе се знае по завршувањето на денешната програма. Имено во Гелзенкирхен од 18 часот се среќаваат Англија и Словачка, а потоа од 21 часот во Келн играат Шпанија и Грузија. Ова се мечеви од осминафиналето на ЕУРО 2024.

Главното прашање е дали Англија, која има супер тим, по имиња најдобар на ова ЕП, ќе заигра како што треба и како што тоа од неа очекуваат милионите англиски фанови. Се досега, во групната фаза, беше мачење, неинвентивност, но сепак ако светските обложувалници велат дека токму оваа репрезентација има најголеми шанси за титулата, тогаш тоа не е за бадијала кажано. Посебно ако се знае како изгледа “костурот“ во долниот дел. Имено Англичаните имаат отворен пат до финалето.

Во случај на триумф над Словачка денеска, тогаш во следната фаза ќе играат со Швајцарија. А во евентуалното полуфинале со Холандија или Австрија на пример. Ривали за респект, ама не се Германија, Шпанија, Франција или Португалија.

Ова трева да биде дополнителен мотив за избраниците на Саутгејт.

Секоја чест за Словачка ама секако дека на овој меч Англија се прашува.

Шпанија против Грузија е апсолутен фаворит и се освен победа на моќната “фурија“ ќе биде голема, голема сензација. Квича Кварацкелија и компанија со пласманот во осминафиналето испишаа историја, но сепак далеку се од тоа дека можат да ја минат и Шпанија. Тоа е реалноста, но нели во фудбалот можни се чудата.

Победникот од оваа средба и оди на нозе, што се вели, на Германија. Ако биде Шпанија тогаш тоа ќе биде финале пред финалето и тоа во четвртфиналето.

Денеска е ден за фудбалско уживање, ќе има и тоа како што да се види на мечевите во Гелзенкирхен и Келн.

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024 – ОСМИНАФИНАЛЕ

ГЕЛЗЕНКИРХЕН (18:00 Ч):

АНГЛИЈА – СЛОВАЧКА

КЕЛН (21:00 Ч):

ШПАНИЈА – ГРУЗИЈА


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ