Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Челзи го прегази Вест Хем, блескаа Џексон и Палмер!

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Некој нов Челзи под водство на Енцо Мареска. Попладнево во градското дерби на Лондон, тимот од “Стемфорд Бриџ“ со 0:3 славеа на гости кај Вест Хем. Гостите едноставно ги прегазија “чеканите“.

Многу брзо, уште во 18.минута Челзи водеше со 0:2 и тоа благодарение на Џексон кој постигна два гола, првиот во 4.минута. Со тој резултат се замина на пауза.

И само што почна второто полувреме, се играше 47.минута кога Палмер стрелаше за 0:3 со што ги згасна зите надежи на домашните дека можат да сторат нешто повеќе на оваа средба.

Со овие три бода сега Челзи по одиграни пет меча во новата сезона во Премиер-лигата има 10 бода, само два помалку од лидерот Манчестер Сити, но и меч повеќе од сите останати кои се при врвот на табелата.

Секако дека со три победи, едно реми и само еден пораз може да се каже дека Челзи под Мареска има одличен старт, ако се знае како беше во минатите две сезони.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ