По доаѓањето на Енцо Мареска некои работи се подобруваат во Челзи, но сепак тоа е далеку од она што беше некогашниот двоен европски шампион за време на Роман Абрамович, кога беше еден од најдобрите ако не и најдобар клуб во Европа.
Последните информации од Островот поврзани со “сините“ од Лондон најдобро го кажуваат тоа. Имено Челзи за Михајло Мудрик, Беноа Бадијашил и Карни Чуквумуека потроши неверојатни 126 милиони евра, а сега сите тројца во пакет му ги нуди на Интер и тоа само за Лаутаро Мартинез. Познато е дека во изминатите неколку преодни рокови Челзи го сакаше Аргентинецот, но тешко дека Интер би се согласил на ваква зделка ако се знае дека ниту еден од тројцата споменати играчи во сегашниот ростер на „неро-аѕурите“ би немал место не само во првиот тим туку и цо целиот тим од 22 играчи на гигантот од Милано.