Каљари – Интер 0:3 е епилогот од вечерашниот меч од 18.коло во Серија А. Убедливо, рутински и речиси со половина сили, тоа е Интер. Со оваа победа шампионот сега има 40 бода и е лидер, има подобра гол – разлика од Аталанта. Тимот од Бергамо вечерва ќе игра со Лацио, но треба да се знае дека има и меч повеќе од тимот од Милано.
Во првото полувреме Интер имаше шанси, но немаше голови. Бастони во 53.минута го “отвори“ домашниот состав со убав гол по асистенција на Барела. Фантастичниот Барела, кој е роден токму во Каљари, во 71.минута му асистираше на Лаутаро за 0:2. Конечните 0:3 беа дело на Чалханоглу и тоа од пенал во 78.минута.
Ова значи дека Интер со убедлива победа ја заврши 2024 година во која стигна до 20-тата своја титула во клупската историја.