Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Чаланоглу: Не заборавам што ми направија фановите на Милан, затоа ова е одмазда

24 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Интер стана шампион на Италија, а еден од главните играчи Хакан Чаланоглу зборуваше за освојувањето на „скудетото“ и за својот поранешен клуб Милан и неговите навивачи. Турскиот интернационалец признава дека никако не може да заборави што му направиле фановите на Милан откако тој се префрли во Интер и освојувањето на титулата во конкуренција со „росонерите“ е еден вид на одмазда. „Нероаѕурите“ ја освоија 20-тата титула.
Силно ја сакавме втората ѕвезда и го заслуживме ова достигнување за неверојатната работа што ја направивме заедно. Повторно гледав видеа од прослави со обожавателите и сè уште не ми се верува. Тоа е толку голема радост што не може да се опише“, вели Турчинот.

Чаланоглу му се приклучи на Интер во 2021 година како слободен играч.
Отсекогаш сум работел во тишина и исто така страдав“, рече тој.

Мојата единствена цел во Интер беше да дадам максимум и да победам со овој извонреден тим. Победа над Милан беше голема одмазда.
Тоа беше одмазда поради страдањата што ги преживеав кога пристигнав и ја загубивме [титулата во Серија А]. Не можам да заборавам што навивачите на Милан ми направија на мене и на моето семејство, но во моето срце знаев дека се ќе заврши добро“, вели тој.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ