Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Бешикташ се засили со ас на Бенфика

5 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Турскиот фудбалски гигант Бешикташ објави уште еден силен трансфер за новата сезона. „Црните орли“ го земаа под наем халфот на Бенфика Жоао Марио. Се работи за 31-годишен фудбалер кој доаѓа како позајмен на една сезона со опција да биде откупен.
Инаку Марио играше за Бенфика во изминатите три години. Пред тоа беше член на Спортинг, Интер, Вест Хем и Локомотив Москва.
Марио има 56 натпревари за Португалија.
Ова лето Бешикташ се засили со квалитетни фудбалери, дојдоа Чиро Имобиле од Лацио, Рафа Силва од Бенфика, Шер Ндур од ПСЖ, Габриел Паулиста од Атлетико Мадрид и Феликс Удуокај од Аугзбург. Сериозни суми се платени и за Џан Келеш од Караѓумрук и Емирхан Топчу од Коњаспор.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ