Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Астон Вила не застанува, се пофали и со Онана!(ФОТО + ВИДЕО)

22 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од денеска и официјално Амаду Онана е нов член на Астон Вила. Клубот од Премиер-лигата кој следната сезона ќе игра во Лигата на Шампионите нема намера да застане кога се во прашање засилувањата. Онана доаѓа од Евертон и тоа за 60 милиони евра, што е клупски рекорд на на клубот од Бирмингем. Никогаш досега Астон Вила не дала толку пари за некој играч во својата историја како сега за репрезентативецот на Белгија, па така ова лето сумата за засилувања се качи на неверојатни 176 милиони евра. Сума која го прави клубот од Бирмингем за најголем трошаџија во моментов во европскиот фудбал.

Нема дилеми дека менаџерот Унаи Емери ќе има и тоа како силен тим во наредната сезона.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ