Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Артета ангажирал професионални „џепароши“ кои ги опустошиле фудбалерите

8 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Њујорк тајмс“ објави дека Шпанецот дури ангажирал професионални џепчии кои еден ден биле во тренинг центарот каде што се наоѓа Арсенал, а многумина немале поим што се случува.

Овие џепчии успеаја да се камуфлираат како персонал во ресторанот, а потоа Артета ги шокираше играчите на Арсенал на вечерата кога им објасни што се случува.

На крајот од вечерата, Артета поабрал од играчите да ги испразнат џебовите и да ги стават работите на маса.

Кога го направиле тоа, многумина од нив сфатиле дека им недостасуваат вредни работи и воопшто не им било јасно каде исчезнале и што се случува во тој ресторан.

Потоа Артета им објаснил на играчите што направил и дека ангажирал професионални џепчии, а на почетокот биле видно шокирани бидејќи не им било јасно зошто шпанскиот стручњак го направил тоа.

Сепак, Артета рече дека тоа го направил за да ги научи играчите колку е важно да се биде внимателен и фокусиран во секое време, и дека тие мора да бидат подготвени на се.

Ваквиот потег на Артета уште еднаш покажа колку е иновативен и на секој начин се обидува да им одржи лекција на своите играчи и психички да ги засили.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ