Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Арсенал остана без Калафиори за дербито со Ливерпул

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

22-годишниот дефанзивец на Арсенал, Рикардо Калафиори се повреди на натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите со Шахтјор (1:0). Лондончани се уште не ја пријавиле сериозноста на повредата на Калафиори, но дел од информациите велат дека неговата повреда на коленото е помалку сериозна отколку што првично се мислеше.

Според „Скај Спортс“, фудбалерот има мало оштетување на медијалните колатерални лигаменти на десното колено, што значи дека повторно ќе го извади од игра неколку недели.

Ако лекарските вести ги потврдат шпекулациите, Арсенал викендов на дербито со Ливерпул нема да смета на италијанскиот репрезентативец.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ