Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Анализа: Челзи за 10 години потрошил скоро 3 милијарди евра за трансфери!

7 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) ги анализираше трошоците за трансфери на сите светски клубови од 2015 година, па досега. Објавениот извештај ги зема предвид фиксните трансфери, бонусите (без разлика дали се платени или не) и износите платени за позајмици на играчи.

Убедливо на врвот на листата со неприкосновена предност пред сите останати е лондонски Челзи. „Сините“ за период од една деценија потрошиле скоро 3 милијарди евра за трансфери. Тоа е сума скоро двојно поголема од онаа која второпласираниот на листата, Манчестер Сити ја потрошил во овие 10 години.

Интересно, според пресметките, излезе дека градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Ј. потрошиле скоро идентични суми за трансфери во последнава деценија, но резултатите кои ги остварија се драстично различни. Во ТОП 5 најголеми „трошаџии“ за трансфери се и ПСЖ и Јувентус.

  1. Челзи – 2,78 милијарди евра;
  2. Манчестер Сити – 1,96 милијарди евра;
  3. Манчестер Јунајтед – 1,95 милијарди евра;
  4. ПСЖ – 1,9 милијарди евра;
  5. Јувентус – 1,77 милијарди евра;
  6. Барселона – 1,67 милијарди евра;
  7. Тотенхем – 1,41 милијарди евра;
  8. Арсенал – 1,4 милијарди евра;

9-10. Атлетико – 1,24 милијарди евра;

9-10. Ливерпул – 1,24 милијарди евра;


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ