Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски подготвува нов мировен план за Украина

28 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Исто така, украинскиот лидер нагласи дека Украина ќе продолжи да се зајакнува воено, за да ја принуди Русија да прифати праведен мир.

- Многу е важно за нас да покажеме план за ставање крај на војната, кој ќе биде поддржан од мнозинството земји во светот. Тоа е она што го правиме на дипломатски план, изјави Зеленски на заедничка прес-конференција во Киев со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар.

- Не сакаме да ја продолжуваме оваа војна и треба да постигнеме праведен мир што е можно поскоро, додаде Зеленски.

Истовремено, украинскиот претседател истакна дека неговата земја ја зајакнува воената индустрија, бидејќи „Русија разбира само сила и ги почитува само силните“.

- Тоа се две работи кои одат паралелно: да бидеме силни на бојното поле и да развиеме план, јасен и детален план, кој ќе биде готов оваа година, објасни Зеленски.

Киев веќе предложи мирен план од десет точки во 2022 година, кој предвидува безусловно повлекување на руските сили од територијата на Украина./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ