Постојат ризици од испраќање дополнителни војници и воена опрема за руската армија од северна кореја и ние ќе реагираме на тоа, рече Зеленски. Според него, важно е светот да разбере дека ризикот од дестабилизација околу Корејскиот полуостров и во соседните региони се зголемува пропорционално со растот на соработката меѓу Москва и Пјонгјанг, пренесува Укринформ.
Американското министерство за одбрана на 26 ноември потврди дека најмалку 12.000 војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да ја поддржат војната на Кремљ против Украина..