Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Врховниот суд на Венецуела потврди дека Мадуро победи на претседателските избори

22 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Врховниот суд на Венецуела денеска потврди дека Николас Мадуро победил на претседателските избори одржани во земјата на 28 јули, наведувајќи дека резултатите од гласањето објавени на Интернет, според кои Мадуро изгубил, се фалсификувани.

Врховниот суд ја донесе денешната одлука како одговор на барањето на Мадуро да се преиспита вкупниот број на гласови дадени на претседателските избори на 28 јули, откако опозицијата ги објави записите од гласањето на интернет од 80 отсто од избирачките места, кои покажаа дека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес победил со големо мнозинство.

Гонзалес не учествуваше во ревизијата на гласањето, изјавија судиите на Врховниот суд, кои го обвинија опозицискиот кандидат дека се обидува да шири паника. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ