Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Воени падобранци по грешка паднале во село: Еден удрил во покрив, друг виси на далекувод(ВИДЕО)

9 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Воздушниот инцидент се случил во Малополска кога 12 војници од вториот извиднички полк од Хрубешово, наместо во пустината Блендово, слетале во местото Чехло. Локалната радио станица RMF FM наведува дека причина за инцидентот се лошите временски услови и дека се појавил силен ветер штом војниците скокнале од авионот и ги отвориле падобраните. Извор од истрагата наведува дека можностите за управување со овој тип на падобран се ограничени бидејќи автоматски се отвора при излегување од леталото.

Силен ветер ја разнесе групата војници неколку стотици метри северозападно. Војници паднаа на имот, еден висеше на далновод, а друг оштети покрив.

Локалните жители им помогнале на падобранците. Еден од војниците со повреда на коленото е пренесен во медицинска установа.

Комисијата за истрага на воздушни несреќи и Внатрешната воена служба го истражуваат инцидентот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ