Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Охрид 67. Светски конгрес на Инетернационалната полициска асоцијација (ИПА)

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На собирот, што ќе се одржува до 22 септември, ќе се разговара за повеќе теми поврзани со регионалната и глобалната безбедност и стабилност, јакнење на билатералната и мултилатералната полициска соработка помеѓу полициите-членки на ИПА, јакнење на професионализмот на полициските службеници низ бројни форми на едукација и во таа насока, ќе бидат потпишани низа конкретни договори.

По завршување на 67-миот ИПА Светски конгрес во Охрид, ќе следи манифестацијата „Недела на пријателство“, со предвидени туристички разгледувања на повеќе ИПА региони, градови, значајни историски и туристички места во Македонија.

Интернационалната полициска асоцијација е најголема полициска организација во светот, формирана на 1 јануари 1950 година. Асоцијацијата работи врз принципите утврдени и усвоени од страна на Обединетите нации во 1948 година, како и врз основа на универзалната Декларација за човекови права. ИПА.

Своите корени во Македонија ги има од 2008 година кога, под менторство на ИПА Хрватска, се отворија првите ИПА клубови во Охрид, Битола и Прилеп.

Во 2011 година во Скопје беше оформена ИПА Македонија, Национална Секција на Македонија како дел од меѓународното ИПА полициско здружение од кога, успешно дејствува, ги спроведува целите и задачите на меѓународната ИПА и активно ги поддржува стратешките определби и интереси на Македонското министерството за внатрешни работи, посветени на јакнење на улогата на полицијата во македонското демократското општество што се интерес на членовите на ИПА и граѓаните во целина.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ