Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Нигерија ги уапсиле кројачите, кои шиеле руски знамиња за антивладини протести (ВИДЕО)

6 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Овој потег укажува на загриженост поради зголемената руска активност во Западна Африка, пренесува Ројтерс.

Како што соопштија од полицијата на платформата Х, уапсени се и дел од спонзорите на кројачите, но не прецизирале кои се тие, додавајќи дека истрагата е во тек.

Не е наведено колку вкупно лица се уапсени.

Висок претставник на одбраната, генералот Кристофер Муса, рече дека веењето на странско знаме за време на антивладини протести е „чин на предавство“.

По разговорот со претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, тој рече дека се идентификувани оние кои се спонзори на овие активности и дека против нив ќе бидат преземени сериозни мерки.

Стотици илјади Нигеријци протестираа од 1 август против економските реформи на Тинубу во неколку држави во северна Нигерија.

За време на протестите, стотици руски знамиња биле видени како се веат од демонстрантите, од кои некои барале војската да ја преземе власта.

Според Ројтерс, протестите згаснале по исклучително острата реакција на полицијата. Руската амбасада во Нигерија негирала каква било вмешаност.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ