Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во нападот во центарот на Бејрут се убиени седуммина здравствени работници поврзани со Хезболах

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Претходно, либанските здравствени власти објавија дека шест лица загинале, а седум се повредени.

Воздушниот напад во станбениот кварт Бачура ја погоди зградата во која се наоѓа канцеларијата на Здравственото друштво - цивилна служба за итни случаи поврзана со Хезболах, пренесува Sky News. Зградата е оддалечена само неколку метри од либанскиот парламент.

Ова е втор воздушен напад врз центарот на Бејрут во последните 24 часа. Израел соопшти дека извршиле прецизен воздушен напад врз градот насочен кон милитантите на Хезболах кои претставуваат закана за израелската безбедност.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ