Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Киргистан уапсени седум луѓе под сомнение за организирање на државен удар

13 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Под маската на националните спортски игри планираа да повикаат на акти на насилство, да упатуваат неуставни повици и да ја дестабилизираат ситуацијата за натамошно насилно преземање на власта на 17 ноември, се наведува во соопштението на МВР.

Помеѓу приведените има и неколку странски државјани, како и поранешниот заменик генерален обвинител. Во полициската акција запленети се оружје и муниција, како и 1.000 шишиња вотка.

На 17 ноември во Киргистан се одржуваат локални избори во неколку области.

Русија, која има воена база во близина на Бишкек, денеска објави дека е во постојан контакт со своите колеги во Киргистан во врска со безбедносната ситуација.

Киргистан, поранешна советска држава со околу седум милиони жители, лоцирана меѓу Кина и Казахстан, во изминатите години повеќе пати се соочи со граѓански немири, а последен пат во 2020 година по спорните парламентарни избори, што доведе до оставка на тогашниот претседател Суронбаи Женбеков./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ