Вечерва влегуваме во 2025 година.
Денес луѓето ширум светот со нетрпение ја дочекуваат Новата година. За некои, 2025 година ќе дојде порано од нас. Први во новата година влегоа жителите на Кирибати, островска држава во централниот дел на Тихиот Океан. Еден час по нив, жителите на Нов Зеланд влегоа во 2025 година, а околу 14 часот по средноевропско време, Нова беше пречекана и во Австралија.
Два часа подоцна, Северна Кореја, Јужна Кореја и Јапонија влегоа во новата година.
Во 17 часот по средноевропско време, Новата година пристигна во Тајван, Хонг Конг и Кина.
Еден час подоцна Нова година се прослави во Тајланд.
Пред Македонија, во новата година влегуваат и Индија, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Јужноафриканската Република.