Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во израелско бомбардирање на Газа загинаа 14 лица

14 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во нападите е погодена една куќа во која биле 11 лица, меѓу кои и жени и деца. Погоден е и шатор во Кан Јунис во кој се наоѓале раселени Палестици.

Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври минатата година кога борците од радикалната палестинска група Хамас извршија напад на израелска територија, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи 250 заложници.

Израел одговори со жестоки удари врз Појасот Газа во кои досега, според нформациите на Министерството за здравство на Хамас, животот го загубиле над 41.000 Палестици./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ