Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Иран затворени центри поврзани со Германија

20 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според иранските медиуми забележани се прекршувања и од други центри поврзани со Германија, кои во моментов се под истрага

Одлуката за затворање е донесена по забраната на исламскиот центар Хамбург во Германија. Минатиот месец Германија го забрани Хамбуршкиот исламски центар и неговите поврзани организации поради „радикални исламистички цели“.

Германското Министерство за внатрешни работи тогаш соопшти дека центарот дејствувал како директен претставник на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и имал за цел да предизвика исламска револуција во Германија. По затворањето на исламскиот центар во Хамбург, германскиот амбасадор во Техеран беше повикан во иранското Министерство за надворешни работи. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ