Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Германија изгоре сосема нова противпожарна станица- немала пожарен аларм

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пожарот избувнал во раните утрински часови во средата во противпожарната станица во Стадталендорф. Изгорела сала со опрема и десетина противпожарни возила, јави германската новинска агенција Dpa. Според првите проценки, штетата е меѓу 20 и 24 милиони евра.

Никој не е повреден. Локалните власти соопштија дека не бил инсталиран аларм за пожар во станицата бидејќи експертите сметале дека тоа не е потребно. Пожарот избувнал од итното возило на противпожарната служба, во кое имало литиум-јонски батерии.

„Верувам дека она што се случи ќе ги натера многу луѓе да размислуваат и да дејствуваат“, изјави за ДПА, Норберт Фишер, шеф на Државната противпожарна асоцијација на Хесен.

Тој објаснил дека во противпожарните станици се полнеле батерии, па затоа смета дека треба да бидат опремени со системи за противпожарна тревога. Сепак, тој не е сигурен дали таков систем би можел да го спречи овој пожар во Стадталендорф. „Овој пожар се ширеше со неверојатна брзина“, истакна тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ