Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во авионската несреќа во Казахстан загинаа 35 лица, а 32 го преживеа падот

25 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нагло понирање и искачување во борба за спас, азербејџанскиот авион кој полета од Баку да стигне во руски Грозни со 67 патници, за три километри не успеа да слета на аеродромот во Актау – Казахстан, се спушти во поле во близина на градот што резултураше со страшна експлозија.

Животот во страотната несреќа според информациите кои пристигаат, го загубиле над 30 лица, меѓу нив имало и деца, но во целата трагедија за чудо успеале да преживеат 32ца патници кои може да се види како се извлекуваат од трупот на авионот.. поголемиот дел од нив се веќе хоспитализирани.

Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ не можел да слета во Грозни поради густата магла, по што пилотот побарал алтернатива за слетување. Првенствена опција бил Махачкала во Дагестан, но на крајот авионот добил инструкции да да го прелета Касписко Езеро и да слета во Актау. Според информациите на патот кон Казахстан авионот се судрил и со јато птици, по што пилотот решил принудно да слетува, а на апликациајта flightradar24, се гледа како авионот кружи пред да се спушти и експлодира во полето..

Министерката за здравство на Казахстан, Акмарал Алназарова вели дека во Актау, каде се хоспитализирани повредените веќе се испратени бројни доктори од Астана и дека се следи целата состојба..

-Веднаш подготвивме медицински хеликоптери кои ги испративме кон самото место, ипративме специјалисти, трауматолози, неврохирузи и се што е потребно. Ако има потреба ќе испратиме и дополнителна поддршка,-министерката за здравство на Казахстан, Акмарал Алназарова.

Причините зошто авионот „ембраер 190“ заврши во полето на самиот брег на Касписко езеро, допрва ќе се утврдува. 37 патници според информациите се државјани на азербејџан, 16 руси, шест од Казахстан и тројца од Киргистан, вклучително имало и 5 лица од авионската посада. Авионот бил стар 11 години, а по овој лет имал закажано и други летови.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ