СНЦФ соопшти дека вчера, на Бадник, кој се слави според Грегоријанскиот календар, машиновозачот „си го одзел животот додека возот се движел“, а дека „автоматските уреди за запирање на возот биле активирани и возот автоматски запрел“, објави Монд.
Компанијата објави и дека „никогаш не била загрозена безбедноста на патниците во возот, ниту безбедноста на сообраќајот“.
Според извор близок до истрагата, машиновозачот вчера вечер скокнал од возот што се движел во полна брзина, што предизвикало доцнење од десет воза, а неговото безживотно тело било откриено нешто подоцна.
Обвинителството соопшти дека е отворена судска истрага за утврдување на причините за смртта на машиновозачот, која ја спроведува жандармеријата во градот Мелун.
🔴 FLASH - #TGV perturbés : 3.000 voyageurs ont été impactés sur la ligne #SUDTGV.
— FLASH INFO Ile-de-France (@info_Paris_IDF) December 25, 2024
👉 Le conducteur s’est suicidé en sautant du train en marche. La #SNCF confirme que « la sécurité des passagers […] n’a été menacée à aucun moment ». (Libération) #SeineEtMarne pic.twitter.com/T2cUR6Ya7e
„Првите наоди се чини дека укажуваат на тоа дека машиновозачот на брзиот воз извршил самоубиство. Автоматските безбедносни процедури на железницата обезбедија возот да запре“, се вели во соопштението на јавното обвинителство во Мелун претходно денеска, еден ден по големите нарушувања на јужната линија на брзата пруга.